Реклама
Наши ѕвезди

Тој е првиот полуфиналист во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија: „Како Исус Христос те молам да растуриш!“

Младиот пејач очигледно го послуша својот ментор, така што од баражот навистина растури и успеа да помине.

Реклама

Пејачот од Македонија Јасмин Алиевски, заедно со Петар Булатовиќ, настапија први во четвртфиналето од „Ѕвездите на Гранд“.

Емисијата до самиот крај беше напната, каде покрај оние пејачки што директно се пласираа, Саша Поповиќ избра уште четворица кандидати од баражот што продолжуваат со натпреварот во полуфиналето.

Еден од нив беше и Јасмин Алиевски, кој по дуелот со Петар Булатовиќ освои само четири гласови иако беше брилијантен.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тие и двајцата дадоа сé од себе за да се покажат во што подобро светло, но по гласањето Петар од тимот на Цеца Ражнатовиќ беше првиот полуфиналист, додека Јасмин за следниот круг се избори од баражот.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Претставниците на жирито речиси сите беа согласни дека и двајцата беа одлични, но и дека Петар сепак беше нешто подобар.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По нивните коментари менторот на Јасмин, Ѓорѓе Давид го даде својот завршен збор со кој целосно го поддржа својот кандидат.

„Ова тука сега не се важи, втората песна ти беше добра. Јас единствено можам да те замолам, но како Исус Христос те молам во баражот да пукаш. Ти паѓа енергијата, тоа е основниот проблем во втората песна, штом ќе ти падне енергијата ти имаш проблем со интонацијата“, му порача Ѓорѓе.

Младиот пејач очигледно го послуша својот ментор, така што од баражот навистина растури и успеа да помине.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој и уште тројца други негови колеги успеаја од баражот да се изборат за влез во полуфиналето, додека 12 пејачи поминаа директно.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Една од нив беше и пејачката Славица Ангелова која воодушеви со својот настап и директно се пласираше во следниот круг.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од друга страна, шармантниот македонски пејач Дарко Ѓорѓески, кој за кратко време стекна симпатии кај публиката во регионот, и кој во четвртфиналната вечер настапи во дуел со Ангелова, за жал, испадна од шоуто.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button