Тој Албанец, а таа Македонка: Докажаа дека љубовта победува сѐ – еве како славеа Бајрам
Убавата Македонка откри детали за својата љубов.
Александра проговори за својот сакан и тешкотиите низ кои поминале.
Александра Шијакоска долги години е дел од македонската Инстаграм сцена.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Таа е една од првите девојки кои започнаа да се занимаваат со инфлуенсерство во земјава.
Пред две години на Александра ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот, а за својата битка со оваа тешка болест говореше и јавно.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Александра успеа да ја извојува оваа битка со победа и по неколку направени успешни операции таа потврди дека сѐ е во најдобар ред.
Најголема поддршка во целиот процес беше нејзиното семејство, но најмногу нејзиниот партнер Едмонд Весели.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Александра и Едмонд беа 12 години во врска, а минатата година го кажаа судбоносното „да“.
Семејството годинава ќе се зголеми за уште еден член.
Александра и Едмонд го очекуваат своето прво дете.
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
Тие двајца се доказ дека љубовта победува сѐ и дека националноста и верата не се пресудни во една врска.
Александра раскажа детали за нивната врска и откри дека на почетокот не биле прифатени како пар:
„Кога бевме помлади не бевме прифатени од никој освен од пријателите. На сите им докажавме дека нашата љубов е посилна од било која предрасуда, било која разлика меѓу нас двајц. Славиме и Велигден и Бајрам и многу сме среќни што го правиме сето тоа со семејството. Широкото срце прифаќа сѐ. Тој што има големо срце има простор да почитува и една вера и друга. Човек треба да бидеш пред сѐ“, раскажа таа во Јутјуб емисијата Југо.
Еве како таа и Едмонд го прославија музиманскиот празник Бајрам годинава:
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска
ФОТО: Инстаграм / Александра Шијакоска