Тошиќ на оваа жена и подари огромен букет за „Денот на вљубените“ – поранешниот фудбалер ги изненади сите со својата објава
Сопругот на Карлеуша ги изненади сите
Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, објави фотографија од една од најважната и најсаканите жени во неговиот живот.
Тошиќ кој на социјалните мрежи многу ретко објавува моменти од својот приватен живот, но овој пат дефинитивно ги изненади сите со својата објава.
Имено, тој на својот Инстаграм сподели фотографија од неговата мајка Николета Тошиќ која во рацете држи букет цвеќе.
Многумина во овој потег на Душко видеа порака која има скриено значење за неговата сопруга Јелена.
Останува само прашањето дали тој и ги испрати и 3.333-те ружи на својата сакана во нивниот семеен дом на Дедиње. Многумина се убедени дека тој стои зад таквиот преубав подарок, и дека тоа личи на него.
Само да потсетиме, Карлеуша за Божиќ го пријави својот сопруг по што му беше изречена забрана да и се приближува.
Забраната истече пред неколку дена, а поранешниот фудбалер се уште не се вратил од Истанбул во Белград.
Инаку, поранешниот фудбалер е мошне близок и со неговата мајка, посебно по смртта на татко му Милорад, кој почина во 2018 од кога мајка му живее сама.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша