Реклама
Вирално

Точно е дека Сонцето ги убива вирусите: Дали спасот од ширење на заразата со коронавирусот лежи во топлото време?

Реклама

„Сонцето го уништува коронавирусот“, „Кога ќе дојдат првите сончеви зраци се ќе исчезне“ – овие денови сведоци сме на изјави од овој тип. Дури и американскиот претседател Трамп на состанок со гувернерот изјави дека „горештината го уништува вирусот“. Меѓутоа, приказната за сонцето и горештината како уништувачи има поинаква позадина.

Суштината на целата приказна за сонцето лежи во нешто друго. Најпознатите светски експерти се почесто нагласуваат дека не е сонцето и горештината тоа што ќе го направи коронавирусот да исчезне, а други како на пример британскиот секретар за здравство Мет Хенкок, смета дека „надежта лежи во тоа со пролетта и летото овој вирус да биде помалку пренослив“.

Зошто во зима полесно се пренесуваат вирусите

Во областите со умерено континентална клима сезонскиот грип и другите облици на корона вирусот обично се шират во зима, наведува “Gardian” во својот текст. Тоа е поради тоа што можеби затоа што во студените месеци воздухот главно е посув, како во затворен така и во отворен простор, а научно е докажано дека сувиот воздух е погоден за полесно пренесување на грипот.

Маркетинг

Од друга страна, нашиот имунолошки систем во просек е послаб во зима – веројатно поради недостигот на сончева светлина и ниското ниво на витамин Д.
Третата ставка поради која ни е потешко во зима е тоа што кога е студено повеќе време поминуваме во затворен простор и гужва. Посебно се училиштата места каде се пренесуваат заразните болести – на пример, пандемијата од свински грип во САД значајно попушти во текот на училишните летни празници и нагло порасна кога учениците се вратија во септември на училиште.

Поради сето ова што е наведено, логиката со која меѓудругото се водат и светските политичари е многу јасна. Меѓутоа се заборава една работа, на која укажуваат некои други експерти – новиот коронавирус не мора нужно да се однесува како неговите познати „роднини“. Проблемот кај овој вирус е што малкумина се сретнале со него порано.

Маркетинг

Дали тоа важи и за короната

– Старите вируси кои се долго во светската популација, оперативни се на „потенка маргина“ – повеќето луѓе се имуни на нив – вели епидемиолог од Харвард Марк Липстич и додава дека овие вируси имаа тенденција на пораст во зима зошто тогаш е најповолно време за нивен пренос.

Новите вируси од друга страна, не мораат да ја чекаат зимата за да се прошират. Во големиот „базен“ на луѓе со неразвиен имунитет, новиот вирус полесно оди од човек на човек. Некои како доказ дека САРС ослаби летото 2003 година го наведоа сезонскиот фактор. Липстич вели дека тоа е мит.

-САРС е убиен со екстремни здравствени интервенции во кинеските градови на копно,потоа во Хонг Конг, Виетнам, Тајланд, Канада и на други места. Тие ги изолираа случаите, ги ставија во карантин нивните контакти, воведоа мерки на социјално дистанцирање и вложија големи напори на други полиња – вели тој.
Токму тоа, смета овој експерт, беше пресудно и кај запирањето на коронавирусот, а не топлото време.

Дали е ефикасно да се затворат училиштата?

Во текстот натаму се наведува дека училиштата се  грло за пренос, па многу земји презедоа мерки така што ги затворија. Од друга страна, еден од фактите е дека децата не се клучни преносители на вирусот, па затворањето може да влијае и на голема загуба на ресурси.

Најновите податоци од Кина покауваат дека децата се заразувале со иста брзина како и возрасните, но имале послаби симптоми. Она што до крајот не е познато е дали училиштата биле затворени или отворени кога се собирале кинеските податоци, па така се уште не е јасно дали затворањето на училиштата е ефикасно.

Пелемиш: Постои можност топлото време да го ослаби вирусот

Топлото време кое веќе денеска го имаме не значи дека ќе го запре ширењето на коронавирусот, но „постои голема можност да се ослаби активноста на вирусот“, вели Мијомир Пелемиш, поранешен директор на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград.

Тој објаснува дека тие тврдења се засновани врз искуството од останатите вируси, како и дека на тоа се засноваат претпоставките дека на вирусот нема да му годи топлото време кое доаѓа.

Доктор Пелемиш им порачува на граѓаните дека нема причина за голем страв, но има причини за сериозност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button