Реклама
Наши ѕвезди

Точно е дека свршеницата на Дарко Лазиќ која е во деветти месец од бременоста ги спакувала куферите и си заминала

Реклама

Пејачот Дарко Лазиќ кој за помалку од месец дена треба да стане татко по втор пат, ја остави својата свршеница Марина Гагиќ во деветти месец од бременоста.

Како што пренесуваат српските медиуми, Марина Гагиќ веќе месец дена живее со семејството во Печинци откако Дарко и кажал дека не планира да се жени туку само да го признае нивното дете. Неофицијално, несогласувањата меѓу нив двајцата настанале откако Дарко по излегување од болницата, повторно почнал да излегува до доцните ноќни часови, и да консумира алкохол.

Маркетинг

Тоа Марина не можела да го поднесе па решила да си ги собере куферите и да се врати кај своите родители. Му кажала безброј пати дека на нивното дете ќе им треба здрав татко, на кој ќе можат да се потпрат, но бидејќи пејачот не сакал да ја послуша, како што пренесуваат медиумите, Марина заминала од местото каде што живееле заедно и се вратила во Печинци.

Таа е извадена од памет поради неговото однесување, но бидејќи детето доаѓа наскоро, се обидува да го задржи нивниот однос надевајќи се дека ќе се вразуми кога ќе го земе бебето во рацете, вели изворот и додава дека поради ваквата ситуација и нивната свадба може да не се случи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марина Гагиќ

Инаку, овие гласини ги потврди и Дарко, кој изјави дека не живее со Марина, но дека во иднина ќе бидат под ист кров.

„Точно е дека Марина живее кај своите родители, кај моите доаѓа преку ден, тогаш сме заедно. Планираме кога ќе ја завршам куќата да се преселиме и да живееме заедно“, изјави Дарко. Инаку, тој пред само неколку дена и официјално го заврши бракот со неговата поранешна сопруга.

Да потсетиме, Дарко и пејачката Ана Севиќ на почетокот од 2018 година решија да се разведат, но сé до сега на хартија беа во брак. И двајцата веќе подолго време уживаат во љубовта со своите нови партнери – Ана со момето Даниел, а Дарко со свршеничката Марина од која очекува син.

Дарко со Ана ја има ќерката Лорена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button