Тотално го смени имиџот – сопругата на Жељко Јоксимовиќ драстично ја промени фризурата
Водителката Јована Јоксимовиќ ги изненади сите кога се појави на малите екрани на своето работно место.
Имено, убавата водителка која е препознатлива по својата долга и густа коса одлучи да ја скрати.
Таа промената ја најави вчера на Инстаграм, кога покрај фотографија на која е со долга коса напиша
Ова е мојата последна фотографија со старата фризура.
Таа сега има малку подолга боб фризура и е во малку посветла нијанса, а како изгледа погледнете во продолжение.
Инаку, Јована од самиот почеток на својата кариера важи за една од најатрактивните водителки во регионот.
Таа привлекува внимание каде и да се појави, а деновиве беше во центарот на вниманието и поради својот имиџ.
Имено, таа се појави во кусо здолниште со кое привлече внимание, а некои ја критикуваа дека е прекратко.