Реклама
LIFESTYLEКултура[тор]

„Тоска“ во Македонската опера и балет

Реклама

Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена  операта „Тоска“ со сопранистката  Весна Ѓиновска-Илкова, баритонот Борис Трајанов и романскиот тенор Калин Братеску во главните улоги, во режија на Огњан Драганов од Бугарија.

Познатото оперско дело на Џакомо Пучини  е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од злогласниот шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на движењето за обединување на Италија.

Маркетинг

Гостинот од Романија, тенорот Братеску,  минатата година настапи  на отворањето на „Охридско лето“  заедно со  сопранистката Елена Мошуц.

Во останатите улоги на „Тоска’ ќе настапат Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчески, Диме Петров, Димитар Кожухаров, Александра Лазаровска-Василевски. Ќе учествува  оркестарот и хорот на МОБ.

Маркетинг

Диригент е Иван Кожухаров од Бугарија, каде што работи како главен диригент и уметнички раководител на операта во Бургас. Сценограф на оперската претстава е Зоран Николовски, а костимограф Марија Пупучевска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button