Нови детали во врска со свадбата на деценијата

Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ и неговата свршеница Богдана Родиќ во недела ќе се заколнат на вечна љубов.
На свадбата се очекува да има повеќе од 500 гости, а Цеца се погрижи сé да биде во најдобар ред. Невестата планира да промени три венчаници, меѓу кои и онаа што ја носеше Цеца кога се омажи за Аркан, а Вељко пак во два костума – прво ќе носи црн смокинг, а потоа ќе се пресоблече во сив.
Како што пренесуваат српските медиуми од извори блиски до семејството Ражнатовиќ, тортата ќе биде на неколку ката и ќе тежи околу 70 килограми. Таа е направена од повеќе слаткари, а поради големина во ресторанот треба да пристигне еден ден порано, односно на денешниот ден.

Направени е и специјална количка на која тортата ќе стои.