Реклама
Наши ѕвезди

Тортата на Лидија Кочовска е хит на интернет – пејачката го сподели изненадувањето, сите збунето гледаа во овој детаљ

Реклама

Македонската пејачка славеше роденден, но сите гледаа во нејзината торта.

Иако го славеше својот 46-ти роденден, Лидија Кочовска покажа дека „детето“ во неа сè уште не пораснало, а тоа го докажа и со изборот на торта.

Маркетинг

Таа имаше торта со апликација на пилето „Твити“ од д познатиот анимиран филм „Силвестер и Твити“.

Одлучив никогаш да не пораснам“, напиша Лидија под објавените фотографии под кои исто така се редеа честитки.

ФОТО: Лидија Кочовска/ Инстаграм
ФОТО: Лидија Кочовска/ Инстаграм

Уникатна како и секогаш таа на интересен и забавен начин покажа всусшост каква личност е.

Маркетинг

Сестрите Лидија и Тања Кочовски важат за едни од најталентираните дами во македонската јавност, а потекнуваат од многу познато музичко семејство.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Повозрасните ги паметат Невена и Панче Кочовски, кои беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико“, составот кој стана познат по обработките на латиноамерикански хитови.

Лидија и Тања често за нивните родители зборуваат со гордост и покрај тоа што во последните неколку години нивната мајка се бори со Алцхајмеровата болест.

На почетокот на годината пак Лидија објави и видео на кое заедно со своите родители ја пеат омилена празнична песна „Las maňanitas“ со која ги воодушевија сите.

ФОТО: Лидија Кочовска/ Инстаграм

„Нека ни е за многу години. Христос се роди. Паричката нека ѝ донесе најмногу здравје на мајка ми. Сè уште солидно звучиме во троглас. Ве сакаме од срце. Среќен Божик“, напиша Лидија.

ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук

Лидија важи за една од оние кои приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, па затоа на прашање дали е вљубена таа вели дека секогаш, кога не постои одредена личност. Ако не е реална, тогаш мора да е имагинарна, вели во шега и откри дека би живеела и во вонбрачна заедница.

ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук

„По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, но најважно е човекот до мене да е мој лојален партнер. Љубовта и поддршката се клучниот момент во остварувањето и во опстојување на вистинската релација“ рече таа во интервју за „Женски магазин“.

ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button