Македонија освен што е земја со многу прекрасни места атрактивни за туристите, посебно се издвојува и по својата кујна. Македонските традиционални јадења се оценети како вкусни што се топат во уста.
Еве кои од македонските специјалитети посебно ги сакаат странците и ги бараат во нашите ресторани:
1. Мусака
Мусака е меѓу првите специјалитети што се подготвуваат редовно во секој дом. Одлична комбинација на печено месо и зеленчук. Исечени резанки компир со мелено говедско месо меѓу нив, зачинети едноставно со сол, бибер и сочни домати, сос од црвен пипер, а најгоре крцкава кора од јајца.
Прекрасно јадење потпечено во рерна, може да се каже дека е „Балкански лазањи“ само направени од компири.
2. Сарма
Тоа е типично „зимско“ топло јадење што сите го сакаат. Ролнички од поткиселена зелка полни со мелено говедско месо и ориз и сето тоа печено во рерна. Има и вегетаријаска варијанта на сармите, како и „летна“ верзија направена од лозов лист која се служи со кисело млеко (кравјо, козјо ило овчо).
https://www.instagram.com/p/Bj7PTyGj4s2/?utm_source=ig_embed
Перфектно е и како предјадење, главно јадење или само закуска помеѓу, ако некој е премногу гладен.
3. Тавче гравче
Тавче гравче е најтрадиционално македонско јадење од сите. Во детството, не е толку омилено јадење, но со текот на годините станува омилено на сите на редовното мени е во секој дом неколку пати во месецот.
Гравот е зачинет со црвена пиперка, се додаваат големи парчиња кромид кои се запржени на зејтин т.н запршка при што кромидот добива неверојатна боја и арома. Потоа се пече во рерна и се служи со леб. Има и верзија со ребра и колбаси за гурманите. И секако, некои луѓе го јадат своето тавче гравче и со сирење.
4. Ајвар
Македонскиот ајвер ја има титулата најдобар. Во Македонија ајварот се смета за легендарен и вистински специјалитет. Сите се фасцинирани буквално од црвениот перфектен намаз од црвени пиперки кои претходно се печат, се лупат и мелат се додека не се направи како пире.
https://www.instagram.com/p/BjDvOxelhFZ/?utm_source=ig_embed
Ова црвено пире потоа се пржи на зејтин и по неколку часа. Правењето ајвар е исто така и физичка вежба бидејќи мелените пиперки се пржат во огромно тенџере и со часови се меша со голема дрвена лажица. Се послужува со леб, и секако со бело солено сирење.
5. Пастрмајлија
Пастрмајлијата е како пита, но во основа не е толку тенка, туку станува збор за подебело тесто замесено во овална форма и дури личи на чинија. Во средишниот дел се ставаат мали парченца од суво свинско месо или само пржено месо, при што останува и маснотијата одзгора што му дава неверојатна арома.
Масното се топи врз место и кога се пече пастрмајлијата ја прави неверојатно нежна и мека. Одозгора може да се стави и јајце. Се послужува со феферонки, малечки, зелени, закиселени лути пиперчиња.
6. Турли тава
Вегетаријанско или не, ова е супер различно, вкусно и прекрасно јадење. Тоа е како цела градина со органски зеленчук комбинирано во една тава.
https://www.instagram.com/p/BhxKNnLAPGC/?utm_source=ig_embed
Се става парчиња пиперка, компири, домати, моркови, бамји, боранија, кромид, лук – и дури има и верзија во која се додава и свинско месо. Може да се јаде со леб или без него, како и да е, 100 проценти е вкусно и здраво.
7. Полнети пиперки
Нешто слично како сарма, но и потполно различно ако се земе во предвид дека се прави од пиперки.
Може да се користат пиперки за ајвар или пак бабури од кои се отстранува семето и празнината се полни со ориз и мелено место, а на крајот се става парче домат за да се затворат наполнетите пиперки. Вкусно и ароматично јадење печено во рерна кое се топи во уста. Не може да останете само на една издена полнета пиперка.
8. Зелник или пита
Тоа е врвот на месените јадења кои се служат во Македонија. Кој нема да го проба, пропуштил многу.
https://www.instagram.com/p/BQ4Y-UMl2pX/?utm_source=ig_embed
Перфектно јадење од тесто, полу крцкаво по печењето, полнето со зелка, месо или бело сирење, може и со спанаќ или праз, премачкано со матени јајца и убава мешавина меѓу слоевите тесто размесени во тенка кора. Може да се јаде со чаша јогурт, кисело млеко или со екстра големи парчиња сирење.