Реклама
Наши ѕвезди

Топ „корона“ стил на Мила Царовска – фустани, здолништа, штикли и медицински маски

Реклама

Медицинската маска дизајнирана да штити од корона вирусот во моментов важи и за голем моден тренд.

Бројни познати личности и херои на уличниот стил веќе со недели наназад покажуваат како модата да ја прилагодиме на околностите и во ова лудо време. Па така додека светот се обидува да развие вакцина против кинескиот корона вирус, а нашите политичари да излезат на крај со него, активистите на уличниот стил и модните блогери веќе со недели помагаат да се задржи оптимистичкиот дух и да се обои сивилото што го наметна епидемијата низ целиот свет. Тоа можевме да го видиме и за време на модната недела во Париз кога на улиците многумина се појавија со дизајнерски медицински маски претворајќи ги во „маст-хев“ парче за оваа сезона.

Маркетинг
Marine Serre Fall 2020 (Фото: Индиџитал.тв)

Но и покрај тоа што овие маски навистина изгледаат импресивно, интересно е и тоа што за колку кратко време се навикнавме на нив. Па така сега и оние најобичните ни изгледаат потполно кул, посебно кога ќе ја носи некоја модно освестена жена што случајно ќе ја сретнеме на улиците низ нашиот град. Тоа го потврдува и нашата вицепремиерка Мила Царовска, која на социјалните мрежи објавува бројни фотографии од нејзините активности, но на сите кои се со понов датум, носи заштитна маска и изгледа одлично, без разлика дали е во класично издание или во некоја поопуштена варијанта. Како Мила изгледа со овој „моден тренд“, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска
Фото: Инстаграм/ Мила Царовска

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button