Топ издание на ќерката на Цеца за кое зборува целиот Балкан – и НАЈПОЗНАТИТЕ дами во Холивуд се луди по овој детаљ

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, при нејзиното последно гостување привлече големо внимание со необичните чизми што ги носеше.

Најинтересно е тоа што истиот ден во истите чизми се појави и нејзината мајка Светлана на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“.
Анастасија ги носеше во емисијата на „Ами Џи шоу“ во комбинација со сако-фустан, додека Цеца со класичен мини фустан со долги ракави.
Во прашање е модел кој во моментот е голем хит во светот и за кој пишуваат бројни модни магазини.
Чизмите се направени во соработка на двата познати брендови „Муглер“ и „Џими Чу“, а дизајнот го краси препознатливиот мотив на оптичка илузија кој е карактеристичен за „Муглер“ и рамните линии кои лежерно се виткаат околу нозете, како и мешавината од црна боја и проѕирна ткаенина.

За овој модел потребно е да издвоите 1500 евра, а значително потсетуваат на футуристичките модели од минатогодишната колекција во која доминираше рециклирана ликра.

Чизмите се со луксузни високи потпетици заради кои „Џими Чу“ важи за еден од најголемите брендови за женска облека.

Покрај овој модел преку колена што го носеше Анастасија достапна е и мини-верзија која чини околу 1000 евра.

Ќерката на Цеца со нив демонстрираше еден впечатливо и моќно женско издание кое веднаш привлекува внимание.

Таа ги носеше со црн сако фустан кој исто така важи за еден од најмоќните женски модели во последните неколку сезони.
И додека фустанот не откриваше многу, комбинацијата со овие необични чизми кои досегаат до над колената, со шпицест врв и високи потпетици, Анастасија го истакна своето згодно тело и никого не остави рамнодушен.

Чизмите се идеален избор за вечерни варијанти и прослави, а во продавниците се достапни од 9 февруари како дел од 13-те модели на обувки настанати од соработката на овие два престижни светски модни брендови.

И Цеца „блескаше“ во нив
Цеца за разлика од Анастасија овие тренди чизми ги носеше со црн мини фустан со долги ракави.


Погледнете ги и останатите модели од оваа колекција…
$1,530
$1,370
$1,680
$3,670
$2,290
$4,750