Топалко стана дедо, очите му се полни со солзи – прва фотографија и од бебето кое доби преубаво име
Прва фотографија од болницата ги разнежни сите
Ќерката на познатиот фолк пејачка Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топаловиќ, беше примена во болница откако и пукна воденикот.
Таа набргу се породи, а среќните вести ги соопшти нејзиниот татко Топалко, кој со солзи на очите се огласи и соопшти дека станал дедо.
„Дедо!!!“ напиша тој на Инстаграм, а на фотографијата се гледа дека плаче од среќа откако ја слушна среќната вест.
Хелена неколку часа пред болницата се фотографираше и преку социјалните мрежи извести дека ѝ пукнал воденикот.
„Пукна воденикот, јас сум одлично, го смирував сопругот и сега можам да се опуштам“, напиша Хелена.
Таа потоа се огласи и од породилиштето, и објави неколку фотографии, и се пофали дека се остварила во улога на родител.
Потоа следуваше и слика од нејзината ќерка на која и го дадоа името Доминика, но и од нејзините родители и партнерот.
„Добредојде, мило наша девојче. Конечно во нашите прегратки. Најсреќни сме на светот. Доминика“, напиша Хелена.
Инаку, името Доминика е од латинско потекло (лат „доминус“ – господар, господин), а познато е по светиот Доминик, основачот на доминиканскиот ред од 13 век. Ова името денес често се користи за децата што се родени во недела. Зборот „Доминус“ се употребува уште во древниот Рим и се користеше за господар или сопственик на робовите.
Во подоцнежните времиња Римокатоличката црква го користи зборот Доминус како назив за Бог.
Потсетуваме, Хелена Топаловиќ, ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, и нејзиниот сопруг Драган Алексиќ во тајност се свршија во септември 2021 година, а сега се остварија во улога на родители на нивната прва ќерка.
Сопругот на Хелена, Драган Алексиќ, како што пишуваше „24 седум“, е богат бизнисмен, кој во Дубаи поседува зграда од 20 катови.
Тој својата сопруга постојано ја изненадува со скапоцени подароци, а се труди заедно што почесто да престојуваат на егзотични дестинации. Пред бракот со Хелена, Драган беше во брак со поранешната водителка на српската телевизија „Хепи“, Јелена Димитријевиќ, со која има дете.
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ