Толку од љубовта меѓу Цеца и Богдан? Пејачката објави јавно што и НЕДОСТАСУВА, а тој со емотивен статус ги збуни сите
Многу фанови беа загрижени по емотивната објава што Богдан ја сподели на својот профил на социјалните мрежи.
Откако се прошири веста во медиумите за новата љубовна романса на Светлана Цеца Ражнатовиќ, таа редовно преку социјалните мрежи ги известува своите верни обожаватели што и се случува во животот.
Нејзиниот емотивен партнер Богдан Срејовиќ кај неа внесе голема промена во животот, а фановите посебно беа изненадени од последниот натпис што пејачката го сподели преку нејзиниот профил на Инстаграм.
Имено, таа ја напиша следнава порака:
„Понекогаш само сакам некој да ме прегрне и да ми каже: Знам дека е тешко, ќе биде сé во ред. Еве ти чоколадо и 6 милиони долари“ – стои на фотографијата што популарната пејачка ја објави на својот Инстаграм.
Од друга страна и нејзиниот емотивен партнер претходно ги изненади сите со својата емотивна објава.
Имено, тој сподели стихови од песната „Небеска“ литија која што ја изведува младата пејачка Јована Шчекиќ.
И додека целата јавност е заинтересирана и ги следи деталите од животот на емотивниот партнер на фолк дивата, Богдан изненади со уште една објава.
Покрај емотивната песна, Богдан ги изненади фановите со уште една објава на социјалните режи заради која многумина се посомневаа дека неговите проблеми се однесуваат на врската со пејачката, но очигледно дека спасот за сите негови животни проблеми се наоѓаат во молитвата.
„Ја разбирам грижата и тоа што мислиш дека проблемот што го имаш од сите до сега е поголем. Можеби и навистина е таков – најголем, но дали навистина мислиш дека Бог би те протнал низ нешто што знае дека нема да можеш да го поминеш? Напротив. Тој за разлика од тебе верува и знае дека можеш од секоја ситуација да излезеш како победник. Некогаш е доволно проблемот да преноќи, а некогаш е доволно да имаш трпение, за пребродување на некои проблеми потребни се повеќе денови и ноќи… Како и да е, оној што го бара решението тој и ќе го најде. Со новиот ден ќе дојдат и новите шанси. Т направи го она што е до тебе, а за останатото не се грижи. Бог ќе помогне. Со тебе сум, радост моја, и ова ќе помине“ беа зборовите што го инспирирале избраникот на Цеца, а тој воодушевено ги сподели со своите пријатели и следбеници.
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ