Се сомнева дека биле под дејство на алкохол кога го удриле девојчето, а потоа го фрлиле во депонија.
-Толку биле пијани што не се сеќаваат каде ја закопаа Данка. Во моментов ја водат полицијата низ целата депонија, бидејќи не се сеќаваат каде е телото – изјави изворот на Република.
Криминалистичката полиција од Бор ги приведе вработените во јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.
– С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путника“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишна Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата.
С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.
Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, се вели во пријавата на мајката.
– С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото го удрил девојчето и ја усмртил – вели извор од истрагата.
Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.