Тоалет украсен со Сваровски кристали, базен, сауна, мебел од Версаче – погледнете ја внатрешноста на вилата на Драгана Мирковиќ

Пејачката ужива во раскошот

Драгана Мирковиќ веќе неколку децении важи за една од најпознатите пејачки на Балканот.
Неодамна еден американски портал објави дека според заработката во досегашната кариера, Мирковиќ може слободно да им парира на светските ѕвезди.
Пејачката со својот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ живее во Виена во раскошен замок за кој како што пишуваа порано медиумите, шеик и понудил 200 милиони евра. Пејачката во својот дом има една посебна просторија во која што ги држи своите награди и трофеи, која што во една пригода и самата ја покажа на својот профил на социјалните мрежи.

„Мојата соба за трофеи и некои од моите драги награди. Сакав да го споделам ова со вас и повторно да ви се заблагодарам што, благодарение на вас, ја носам титулата за најнаградувана пејачка. Ви благодарам многу, ве сакам“ напиша музичката ѕвезда на својот Инстаграм профил.

Во прашање е стара импозантна градба која е под државна заштита, па кога Драгана и нејзиниот сопруг го реновираа замокот мораа да следат пропишана процедура. Инаку, зад оваа градба се крие богата историја – на крајот од 17 век тука престојувала и Марија Тереза, единствената жена владетелка и последната од династијата Хабзбург.

Повеќе фотографии од раскошниот дворец, но и како пејачката ужива во Сен Тропе во костим за капење, погледнете во галеријата што следува во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Пулсонлајн.рс
Фото: Пулсонлајн.рс
Фото: Пулсонлајн.рс
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
