Запомин во животот ништо нема да научиш од оние кои ти ветуваат дека ќе те извадат од сите твои проблеми, како и од оние кои имаат решение за секој твој проблем.
Има такви кои се нарекуваат спасители, , советници, тренери, но по средбата со нив повторно го немаш мирот кој ти го ветуваа. Можеби чувствуваш некое моментално задоволство, но по некое време и тоа брзо се губи. Во животот ништо нема да научиш од оние кои многу зборуваат, кои се силни на зборови и кои со нив толку одлично се служат, што после сè дури не ни знаеш што ти кажале, ниту како ти помогнале.
Повеќе ќе научиш од луѓето чии зборови се совпаѓаат со нивните дела, луѓето чија единствена титула е титулата човек, бидејќи не секогаш ти треба фасцинантна теорија, нема помош од некои длабоко промислени психолошки сoвети. Некогаш ти треба само близината на личноста и фактот дека таа те разбира.
Тебе ти треба некој кој ќе биде со тебе во моментите кога е најтешко, некој кој нема да глуми преголеми изливи на нежност, туку за тебе ќе има еден искрен збор, без многу патетика.Ти треба некој кој те сака таков каков што си, некој кој ќе се спушти на дното за да биде со тебе, некој кој не е замислен дека е важен и незаменлив во твојот живот.
Бидејќи, со тек на време човек се изморува од сè, се изморува од луѓе и нелуѓе, се изморува од давање во кое ништо не примил назад, ниту емоција, ниту убав збор, ниту охрабрување.Кога ќе најдеш таква личност, ќе можеш со мир да го почнеш новиот ден, бидејќи ќе имаш рамо на кое ќе се потпреш и исплачеш за сè она што те мачи. Повеќе од тоа не можеш да добиеш.