Реклама
Холивуд

„Ти си бремена? Нема шанси…“ Сите во шок го гледаат стомачето на манекенката и не веруваат дека е во 7 месец од бременоста

Реклама

Манекенката Бела Луција е вистинска ѕвезда на Инстаграм – само на оваа социјална мрежа има преку милион и пол обожаватели о целиот свет кои секјдевно ги чести со своите провокативни фотографии.

Фото: Инстаграм/ belle_lucia

Познатата блогерка со своите обожаватели го дели својот приватен живот на тацна, а често објавува и фотографии на кои позира во скапи, фенси модни парчиња на најатрактивните светски локации.

И откако е во блажена состојба често ја известува јавноста за напредокот на својата бременост, а многумина поради нејзините фотографии не и веруваат дека е ви седми месец од бременоста.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ belle_lucia

Имено, Бела се уште има беспрекорно тело со стомаче кое одвај и се познава, и ако таа самата не зборува за него или не го држи нежно со рацете на некои фотографии, најверојатно никој не би помислил дека е во прашање девојка која е веќе во поодмината бременост.

Фото: Инстаграм/ belle_lucia

Таа неодамна призна дека се поправила 10 килограми, но очигледно никој не и поверува на оваа 24 годишна убавица.

Фото: Инстаграм/ belle_lucia

„Кога вака би изгледала во 27 недела од бременоста, би родила шест деца“, „Воопшто не изгледаш како трудна“, „Ти сега си во седми месец?“, се само дел од коментарите што и ги пишуваат нејзините обожаватели.

Фото: Инстаграм/ belle_lucia

Секако, некои се прашуваат и колку килограми имала пред бременоста, кога сега изгледа вака, па така таа реши да им одговори на овие прашања.

Фото: Инстаграм/ belle_lucia

„Не мислам дека е здраво да кажам колку килограми имав, мојата висина, мускулна маса, градбата на телото, генетика – сето тоа значајно влијае на конечниот изглед, а ме следат многу девојки кои мислат дека килограмите се важни, иако не се! Никогаш не треба да ја споредувате својата тежина со другите. Јас бев потполно здрава пред бременоста и имав доволно килограми, а и сега сум здрава“ објасни оваа манекенка која по потекло е од Австрија.

Фото: Инстаграм/ belle_lucia

 

Поврзано

Back to top button