Ти поскавуам ДОВОЛНО… се чита за две минути, а мудростите остануваат засекогаш
Една жена присуствувала на тажно разделување на аеродром. Мајка и ќерка стоеле прегрнати на аеродром, сè додека не се чул повикот сите патници да влезат во авион.
Така прегрнувајќи се мајката ѝ рекла на својата ќерка: „Те сакам и ти посакувам доволно.“ На тоа ќерката одговорила: „Мамо, нашиот заеднички живот беше и повеќе од доволно. Твојата љубов е сè што некогаш ми требаше. И јас на тебе ти посакувам доволно.“
Ќерката отишла, а мајката се приближила до прозорецот. И пришла жена која ја набљудувала и и поствила прашање: „Дали некогаш сте рекле некому збогум, знаејќи дека тоа би можело да биде засекогаш?“
„Да“, ѝ одговорила таа. „Извинете што прашувам, но зошто ова збогување е засекогаш?“
„Стара сум, а таа живее многу далеку. Ме очекуваат големи предизвици во иднината, а реалноста е дека нејзиното следно враќање ќе биде за мојот погреб“, рекла старата мајка.
„Кога се збогувавте, чув дека ѝ рековте ‘Ти посакувам доволно.’ Смеам да прашам што точно значи тоа?“
Старицата почнала да се смее. „Тоа е желба која се пренесува со многу генерации. Моите родители им ја кажуваа на сите…“
„Кога кажувавме ‘Ти посакувам доволно’, ѝ посакувавме на другата личност живот исполнет со онолку добри нешта колку што ѝ се потребни за убаво да живее и да може да ги поднесе сите проблеми.“
„Ти посакувам доволно сонце за да го осветли твоето расположение и свет.“
„Ти посакувам доволно дожд за да можеш да го цениш сонцето уште повеќе.“
„Ти посакувам доволно среќа за да го одржи твојот дух жив и вечен.“
„Ти посакувам доволно болка за дури и најмалите задоволства во животот да ти изгледаат големи.“
„Ти посакувам доволно добивки за да ги задоволиш твоите желби.“
„Ти посакувам доволно загуби за да ги цениш сите оние нешта кои ги поседуваш.“
„Ти посакувам доволно поздрави кои ќе те доведат до конечниот збогум.“