ТИ ДОНЕСОВ БЕЛИ РОЗИ, КОЈА ОД КОЈА ПОУБАВА: Последен поздрав на ЗОКИ ФАЦИ со неговата најсакана личност… ЛЕТАЈ ПАНДОРА!
На објавата од неколку фотографии, на последниот поздрав со мајка си, напиша навистина трогателна порака
Водителот и новинар Зоран Василевски-Фаци на својот инстаграм-профил, вчера, објави тажна вест. Починала неговата најсакана личност, неговата мајка.
Популарниот водител сподели неколку објави во тага и жалост.
Денеска беше погребот и тој со своите следбеници го сподлеи најтажниот ден во неговиот живот.
Неговите зборови го корнат срцето на секого.
„Утрово се збогував со мајка ми. Замина во вечноста, таму кај татко ми. Летај Пандора, небото е твое“.
„Јас мајка ми ќе ја испратам , онака гордо, со крената глава, достоинствено како што и доликува на дама. Таа ме сакаше дотеран, па така и ќе биде. А, ќе плачам другпат“ – објавил понатму Василевски.
Тој упати и благодарност до вработените во Домот за стари лица каде што неговата мајка престојувала и ги минала последните денови од животот.
Познатите личности, негови пријатели и познајници му пишуваат пораки и коментари изразувајќи му сочувство.
Фаци на објавата од неколку фотографии, на последниот поздрав со мајка си, напиша навистина трогателна порака :
„Се испративме со лесен чекор, јас стојам ан патот, а ти ми мафташ и додека пееше попот, црквата ми се виде обоена во сите животни бои. Ти донесов бели рози, чинам четири беа, која од која поубава. Бог е голем, рајските порти се отвораат, таму те чека, знаеш кој… а јас ќе тагувам по тебе додека сум жив. Не заборавај да леташ. Ти благодарам за сите убави денови, ти благодарам за се од срце, а сега остај ме дса сонувам моја Пандора.
Нека ѝ е светол патот, искрено сочувство до семејството!