Реклама
Home Sweet HomeНаши ѕвезди

Тијана го покажа сопругот, но и станот во кој живее со семејството – ова е нејзиното парче од рајот

На ова место Тијана Дапчевиќ ужива со најмилите

Реклама

Вака изгледа нејзиниот семеен дом

Познатата пејачка важи за еден од најдобрите вокали на целиот Балкан, а каде и да се појави плени со својата неверојатна енергија.

Таа откако го запозна својот животен сопатник, се пресели во Србија, каде живее и денес заедно со своето семејство.

Маркетинг

Да, станува збор за Тијана Дапчевиќ, пејачката која веќе со години е на самиот врв на музичката сцена како во Србија, така и во Македонија.

Маркетинг
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Но и покрај нејзината преголема популарност, оваа извонредна дама многу ретко открива детали од својот приватен живот.

Сепак, одвреме-навреме знае да сподели по некоја семејна фотографија, па така во една пригода откри и како изгледа нејзиниот дом.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тијана заедно со својот сопруг Милан денес живее мирен семеен живот, а круна на нивната љубов е нивниот син Вук.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Нивниот наследник оваа година наполни 15 години, а гордата мама често знае да сподели фотографии и со него. Тие живеат заедно во стан во Белград, а како изгледа нивното семејно гнездо каде пејачката поминува поголем дел од своето време, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Потсетуваме, Тијана во една пригода специјално за Гламур (види тука) ќе откри дека и нејзиниот наследник тргнал по нејзините стапки и дека веќе е познат во светот на музиката.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Имено пејачката тогаш откри дека Вук не само што е свесен за нејзината популарност, туку и Тијана самата е свесна, но и пријатно изненадена од популарноста на нејзиниот наследник.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„А и мама може да се пофали дека е свесна колку е популарен нејзиниот син. Вук од пред година дена почна да се занимава  со правење на музика, нов правец во електронската музика – фонк. Веќе на платформата спотифај има повеќе од милион и пол  слушатели. Има многу фанови, највеќе од Бразил. Можам да се пофалам и да бидам горда на тоа што син ми е талентиран и се занимава со музика“, изјави Тијана во интервју за Гламур магазин.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button