Реклама
MAMAКафе муабет

Тишината го лекува мозокот

Реклама

Тишината е таа која ги регенерира мозочни ќелии, велат научниците.

Еден до два часа на ден поминати во тишина доведуваат до поголемо здравје како на мозокот, така и на целото тело. Во тишина, нашиот мозок се адаптира на помирна состојба, што доведува до чувство на релаксираност и мир. Се регулира дишењето, па дури и доаѓа до намалување на стресот, бидејќи во тие моменти не сте изложени на многубројни информации кои ги слушаме и гледаме преку медиумите.

Маркетинг

Во тишината се регенерираат мозочните ќелии, се подобрува меморијата. Резултат на тоа е и поздраво тело, затоа што се започнува од тие сиви ќелии. Тие одговараат на сето она на коешто се изложени.Научниците сметаат дека е потребно и да се намали следењето на медиумите. Доколку успеете во текот на денот два часа да поминете без телевизор, радио или интернет, ќе го увидите позитивното дејство на мирот и тишината.

Тишината му дава можност и на самиот мозок да се фокусира и тоа на природен начин. Со ова се подобруваат вештините за концентрација и внимание. Според научниците, поминувањето во тишина ни овозможува и поголема отвореност и искреност кон самите себе. Односно, сме се повеќе свесни за сопствените мисли, чувства и желби.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button