16-годишното момче е прогласено за виновно за киднапирање, силување и убиство на шестгодишната Алеша Макфаил, објави Би-Би-Си .
Семејството го пријавило исчезнувањето на малото девојче на 2 јули минатата година, а полицијата на островот Бут, западно од Шкотска, го пронајде нејзиното голо безживотно тело истиот ден.
Алеша претрпела 117 повреди и починала од силен притисок врз лицето и вратот.
Била на летување кај дедо и баба
Тинејџер, кој не може да биде именуван бидејќи е се уште малолетник, беше прогласен за виновен по деветдневниот судски процес во судот во Глазгов.
Алеша беше со својот татко и неговата девојка на тринеделен одмор на островот Бут, во станот на нејзините баба и дедо.
Едно утро, само неколку дена откако дојдоа на одмор, не слушнале дека Алеша станала од креветот. Па така тргнале да ја бараат, па наскоро тие го пријавија исчезнувањето во полицијата.
Полицијата го пронашла телото на девојчето на местото каде што се наоѓал хотелот.
Мајката на убиецот го пријавила својот син
Мајката на убиецот пријавила во полиција откако ги видела видеата на двете камери за надгледување поставени во семејниот дом на кои се покажало како тој три пати доаѓа и го напуштил местото помеѓу 01:54 и 04:07 наутро.
ДНК на еден млад човек беше пронајдена на телото на Алеша и на облеката која ја носела пред да легне да спие.
https://www.facebook.com/thescottishsun/posts/2443305589037261
Момчето купувало марихуана од таткото на Алеша
Судиите слушнаа дека тинејџерот купувал марихуана од таткото на девојчето, Роберт Макфаил, но пред 5 месеци тие се скарале бидејќи тој имал неплатен долг од 10 фунти.
На почетокот на судењето, тинејџерот за убиството на девојчето ја обвини девојката на таткото на Алеша бидеќи осумнаесетгодишната девојка била последниот човек што ја видел малата Алеша жива.
Таа негираше дека имал врска со злосторството.