Тие се негово најголемо богатство – ова се сопругата и ќерката н Џокси
Тие две се негов двигател во животот.
Моментите поминати со сопругата и ќерката за Џокси се најдрагоцени.
Малкумина знаат, но вистинското име на пејачот Џина Папас Џокси е Ѓорѓе Васиќ.
ФОТО: Инстаграм / Џина Папас Џокси
Повеќе од три децении Џокси е присутен на македонската музичка сцена и има оставено трајни музички вредности.
Неговата антологиска „На Велигден сум се заљубил“ е песна која не се повторува и заслужено беше прогласена за „песна за век и векови“ на Златната бубамара на популарноста.
ФОТО: Инстаграм / Џина Папас Џокси
Автор е и на многу детски песни со кои сите сме пораснале.
Џокси не сака многу да го експонира во јавност својот приватен живот, но на неговиот Инстаграм профил може да се видат и некои семејни фотографии.
ФОТО: Инстаграм / Џина Папас Џокси
Со сопругата Виолета Крстевска Васиќ, која е родена во Дарувар, Хрватска се запознале на едно наградно извлекување на плоштад, во мај 1991 година.
Додека настапувал забележал во публиката една убава црна девојка која дошла на гости во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Џина Папас Џокси
Џокси и Волета имаат едно дете, ќерката Евгенија, која магистрираше во далечната Јапонија, на еден престижен универзитет во градот Кјото.
ФОТО: Инстаграм / Џина Папас Џокси
Џокси и Виолета си се најголема поддршка еден на друг и буквално не се двојат никаде.
Повеќе нивни фотографии погледнете во продолжение: