Реклама
Наши ѕвезди

Тие се најдобри пријателки на естрадата: Цеца ѝ помогна кога и беше најтешко, ѝ понуди и покрив над глава

Реклама

Младата српска пејачка денеска е остварена на сите полиња, таа има успешна музичка кариера, мажена е и ја има ќеркичката Мила.

Музичката кариера за започна во популарниот бенд, а откако тој се распадна почна самостојна музичка кариера.

Сепак, и покрај тоа што сними бројни хитови и стекна голема популарност, малкумина знаат дека неа ја забележала фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, како млада и тогаш не толку афирмирана пејачка. Во една прилика на Св. Никола Цеца ја поканила со бендот во нивната вила на Дедиње.

Маркетинг

– Ми се јави мојот колега и ми вели дека денеска му се јавила Цеца и не викнала да пееме на слава кај нега. Јас му велам: „Добро, а кога Цеца!?“, а тој ми вели: „Цеца Ражнатовиќ“. Се сеќавам на ова како да беше вчера, матев некој шлаг. И не ми се веруваше што слушам. Не можев да си дојам на себе, и му реков дека подоцна ќе му се јавам. Ме праша мајка ми и не можев да се собера: Леле мајко, ме викна Цеца да и пеам на слава. И таа ме праша која Цеца, ѝ викам: Таа Цеца, нема друга“. Тоа беше шок за нас. Но таа слушнала за нас, не знам како, која песна, мора да сме и се допаднале. Преку Биља Спасиќ дошла до нашиот број и не повика да работиме – се присети пејачката во едно претходно интервју и потенцираше дека можноста што и ја пружила Цеца и била голема „отскочна даска“.

Во меѓувреме тие станале добри пријателки, посебно која на пејачката во поплавите во Обреновац во мај 2014 година и била поплавена семејната куќа, Цеца и понудила покрив над глава.

Маркетинг

Цеца постојано ме бараше и додека ми се празнеше батеријата, ми рече да дојдам кај неа со семејството и со сестрата за да живееме таму, се присети своевремено Слаѓа.

Инаку, Слаѓа Вујичиќ е позната под уметничкото име Алегро. Денеска може да се пофали со многу професионални успеси и богата музичка кариера. Веќе 4 години е во брак со Зоран Драгаш, на кого во 2018 година му ја роди ќерката Мила.

Поврзано

Back to top button