Тие се кралици на македонската музичка сцена, а на бина се како ураган – познатите сестри направија хаос на Златна Бубамара
Тијана и Тамара ги воодушевија сите со нивниот енергичен настап
За нивниот талент и вокални способности нема потреба воопшто и да зборуваме, а кога се на бина знаат како да направат вистинско шоу. Да, тие се неприкосновени, а нивните перформанси публиката долго ги памти во што можевме да се увериме и од последен настап на Златна Бубамара која ни приготвија вистинско позитивно уживање.
„Покрај тоа што си екстра риба и што феноменално пееш и имаш совршен стајлинг те обожавам и поради таа позитивна енергија со која ги заразуваш луѓето во твоето опкружување! Многу девојки убаво пеат и пеат… но ти човекот го хипнотизираш со својата енергија“ и порача една девојка на Тијана во коментарите на социјалните мрежи. Фотографиите се направени за време на заедничкиот настап со нејзината сестра Тамара на „Златна бубамара на популарноста“. Тие и двете изгледаа фантастично во комбинезоните што ги носеа на настапот со тоа што Тијана „фураше“ црн, светкав комбинезон од Елена Лука, додека сребрениот модел што го носеше Тамара е со потписот на Зана Алиу.
https://www.instagram.com/p/Bfih9u_DFiL/?taken-by=tijana.dapcevic