Нивната одмазда е брутална и тие никогаш не забораваат. Еве кои хороскопски знаци се најсурови и во чијшто речник не постои зборот „простување“.
Овен
Овие личности може да бидат рамнодушни и неемотивни кога и да го посакаат тоа. Паметат многу и не се плашат да ја тргнат секоја препрека која им стои на патот до нивните цели. Ќе направат сѐ што е потребно, па дури да газат и по другите.
Бик
Тие се одлучни и ништо нема да ги запре кога се тргнати кон она што го сакаат. Многу се тврдоглави, не сакаат промени и не се прилагодуваат често. Еднаш кога ќе решат нешто, многу тешко е да ги убедите дека постои друг начин. Затоа е подобро да не започнувате расправии со нив.
Лав
Не залажувајте се со фактот дека Лавовите се љубители на животот. Тие се многу суетни и опседнати со себе, така што кога се во потрага по својата среќа, навистина се немилосрдни. Обично се фини, но поради страстта која ја негуваат кон себе, често се строги и тоа на сметка на нивните најблиски.