Тие денес се едни од најпознатите пејачки во Македонија, НО ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДАЛЕ кога биле во пелени!
Во последно време често објавува ретро фотографии, а сега меѓу нив се најдоа и некои од детството.
Долги години е на јавната сцена заедно со нејзината помала сестра и се меѓу најпопуларните пејачки во земјава.
Тијана Дапчевиќ е препознатлива по својот специфичен моден стил, но и по „необичните“ фризури кои се нејзин заштитен знак.
Таа е активна на социјалните мрежи, па деновиве сподели уште неколку ретро фотографии, меѓу кои и една на која се заедно со Тамара Тодевска, нејзината сестра.
Двете се многу мали на фотографијата, а позираат заедно со нивниот татко Велко Тодевски.
Фотографиите се направени уште кога пејачките биле „во пелени“, баш бебиња, па се преслатки и неодоливи.
– Повторно копав по старите фотографии, на првата сум баш бебе, бебе. На втората сум на претшколска возраст (манекенка на море), а на третата сум со тато и Тамара-напиша Тијана и објави неколку фотографии.
Ова не е првпат таа да објави ретро фотографии.
Неодамна објави фотка од младоста на која носи фустан во беж нијанса во комбинација со црвен кармин и препознатливата кратка фризура.
„Јас бебе. Сликано пред ХХ години, некој едиторијал, за некој весник, убаво време. а убаво е и сега, на здравје пријатели“, напиша познатата пејачка во коментарите под фотографијата на Инстаграм. Под фотографијата следуваа голем број комплименти на сметка на нејзиниот изглед, а многумина забележаа сличност со нејзиниот син.
Двете сестри напорно работат на својата фигура, па со здрава исхрана и напорни тренинзи успееја да ја доведат својата фигура до совршенство.