Тие денес се едни од најпознатите дами во Македонија, но на овие стари фотографии тешко дека некој ќе може да ги препознае
Овие девојчиња денес се едни од најпознатите наши пејачки
Тие и двете ги имаат остварено своите соништа, а како пејачки не се познати само во Македонија, туку во целиот регион.
Покрај своите мајка Брана и татко Вељко, кои исто така се музичари, сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска ја засакаа музиката.
Од мали нозе се дружат со нотите и уште како деца имаат учествувано на бројни музики фестивали.
Познтите сестри и денес преку своите профили на социјалните мрежи покажуваат колку се поврзани и постојано си даваат поддршка една на друга.
Интересна е и приказната поврзана со „господинот“ на оваа стара фотографија.
На фотографијата е Тијана која важи за една од најпознатите пејачки и во Србија. Но покрај нејзините песни, Дапчевиќ во регионот е позната и по животот што го има и надвор од музиката, како и по нејзината генијална улога на Ула Бринкман Бузалевска во хит серијата „Преспав“.
Тијана има завршено на Факултетот за музики уметности во Скопје и во младоста свирела на виолончело.
Фотографијата што пред некое време во јавноста а сподели Тијана е од пред 25 години, односно од 1995 година.
Од фотографијата можеме да видиме како Тијана изгледала како студентка во прва година на факултет, но во едно поинакво издание.
Имено, таа на фотографијата има перика, шминка и сценска облека и свири на виолончело.
Во продолжение погледнете и како изгледала Тамара пред 30 години, односно во 1991 година, на својот прв настап на фестивалот „Макфест“.
Таа тогаш имаше само шест години и заедно со сестрите Маријана и Росана ја отпеа песната „Љубов“.
Тие тогаш го освоија петтото место.
А еве и како познатите сестри изгледаат денес…
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тијана ДапчевиќИзвор: Гранд.онлајн, Гламур