Тие денес се еден од најпознатите и најбогатите брачни парови на Балканот, а во Македонија некои не можат да го поднесат
Многумина нема да го препознаат, а нема некој што не го знае и не се малкумина оние што го мразат.
Саша Поповиќ е синоним за популарниот музички натпревар за кој се зборува веќе со години во целиот регион.
Тој веќе со децении е задолжен за создавање на нови пејачи, но малкумина знаат како тој изгледал во младоста.
Тој се прослави со бендот „Слатки грех“ од кој се роди најголемата ѕвезда во поранешната Југославија, Лепа Брена.
Нивната соработка трае и денес, а благодарение на Гранд тие двајцата се заслужни за успешната кариера на бројни пејачи.
На фотографијата за која зборува целиот регион Поповиќ е матурант и изгледа речиси непрепознатливо во споредба со сега. Тој е облечен во класичен костум, со вратоврска и со мустаќи како возрасен човек, но изгледа многу поразлично од оној Сале што го знаат сите.
И додека едни го обожаваат, оние што не можат да ја поднесат фолк музиката немаат воопшто добро мислење за него.
Поповиќ и деновиве се најде на удар на јавноста откако беше донесена одлуката пејачката Вања Кнежевиќ да биде исфрлена од шоуто. Тој заради скандалот реши да гостува во една телевизија и да се обиде да ја смири топката, но публиката застана зад младата пејачка.
Инаку, директорот на Гранд продукција повеќе од две децении е во брак со пејачката Сузана Јовановиќ.
Познатата пејачка во една пригода раскажа дека нивната љубов се родила од пријателство, постепено, и од како застанале на лудиот камен нивниот семеен живот е исполнет со меѓусебно разбирање и идила.
Сузана откако заплови во брачните води потполно му се посвети на семејството и освен неколку хитови што ги имаше во меѓувреме, многу ретко се појавува во медиумите и речиси никогаш не се експонира во јавноста. Оние што ја познаваат за неа велат дека е многу скромна жена.
И покрај тоа што нејзиниот сопруг важи за еден од најбогатите во естрадата, Јовановиќ денес живее повлечен живот, далеку од очите на јавноста.
Погледнете како изгледала во младоста…
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин