Реклама
Вирално

Тест што треба да го положите за австралиско државјанство

Реклама

Тестот се полага компјутерски во владините простории каде се сместени службите кои се занимаваат со имиграција.

Основната улога во овој тест е основно познавање на австралиското општество, државното уредување и историјата.

Маркетинг

Нешто повеќе од 1 отсто од оние кои го полагале овој тест не успеале да го добијат потребниот процент на точни одговори.

Потребно е да се одговорат 15 од 20 прашања, односно 75 %.

Маркетинг

За подготовка во полагањето на овој тест, владата на Австралија обезбеди и видео со сите потребни информации и истите ги има поставено на јавни веб сајтови за размена на видео содржини како што е Јутјуб.

Па така овој материјал им е достапен бесплатно на сите заинтересирани лица. Исто така може да се преземе и „пдф“ документ од владиниот веј сајт кој ги содржи сите потребни информации за полагање на овој тест.

Името на овој „пдф“ фајл, книги кои се претходно штампани, како и видеото се познати под името „Our common bond“.

Но секако дека не треба сите кои аплицираат за австралиско државјанство задолжително да го полагаат овој тест. Меѓу оние кои не треба да го полагаат спаѓаат децата кои се под 16 години и лицата постари од 60.

Тестот за добивање државјанство исто така не треба да го полагаат и лицата кои имаат проблем со вид или слух.

 

Поврзано

Back to top button