Реклама
Холивуд

Тепачка меѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл во кралската палата?

Реклама

Тие повеќе не можеа да го издржат притисокот

Поради постојаните гласините за несогласувањето помеѓу војвотката Кејт Мидлтон и Меган Маркл, нивните двојнички одлучија да го одглумат турбулентните односи преку тепачка во палатата.

Маркетинг

Имено, Алисон Џексон е фотографка која се занимава со фотографирање на двојниците на кралското семејство, но и на многу други познати личности. Нејзе ова не и е прва компилација на слики што ја има направено со нив, но сигурно е една од оние со кои привлече најголемо внимание. На нив војвотките се кубат за косата и се влечат по подот во палатата, а двојничката на Меган дури и со нозете почна да ја удира својата „ривалка” носејќи високи потпетици.

Маркетинг

Други слики може да се видат тука.

Само да потсетиме, конфликтот меѓу војвотките се случува најпрво поради расправијата во која Меган Маркл ја расплака Кејт Мидлтон непосредно пред својата венчавка со принцот Хари, а потоа имаше драма и околу селидбата на Хари и неговата сакана од палатата Кенсингтон.

„Вилијам беше доста загрижен за премногу брзите чекори во однос на врската на неговиот брат, а бидејќи беше близок со Хари, тој сметаше дека може да му укаже за тоа и да го посоветува да не брза многу со одлуките. Иако тоа требаше да биде добронамерен совет од постар и искусен брат, на Хари тоа очигледно не му се допадна. Тој е исклучително заштитнички настроен кон Меган, па затоа тоа го доживеа како критика. Во неговото толкување излезе дека неговиот брат не го поддржувал во неговата одлука, но и дека не ја почитува неговата идна сопруга. Убеден сум дека од тогаш се тргнаа и проблемите“, раскажува за британскиот „Mirror“ експертот за кралското семејство, Кејти Никол.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button