Тенка половина и рамен стомак и по две бремености – Адријана го запали Инстаграм со фотка на која позираше во костим за капење
Познатата македонска пејачка и виолинистка може да се пофали со младешки изглед, но и со феноменално тело на кое многу дами можат само да и завидуваат.
Таа и покрај тоа што е мајка на две деца се уште може да се пофали со својата тенка половина и рамен стомак.
Иако голем број жени откако ќе добијат деца имаат проблем со вишок килограми, нашата позната пејачка и виолинистка Адријана Јаневска очигледно може да се пофали со својот добар изглед што го има благодарение на генетиката, но и на избаланисраната исхрана и здравиот живот.
Пејачката објави фотографија на која позира во едноделен костим за капење во розова боја и на сите им го привлече вниманието.
Таа позираше во гардеробер, подготвен за тренинг, а на лицето ја красеше нејзината препознатлива насмевка.
Следуваа голем број комплименти на сметка на нејзиниот изглед и сите се согласни дека изгледа беспрекорно.
Таа и покрај тоа што е мајка на две деца се уште може да се пофали со својата тенка половина и рамен стомак.
Во тоа впрочем можевме да се увериме и летово кога во црвен костим за капење го покажа своето брутално згодно тело.
Таа и тогаш со само една фотографија покажа зошто се уште важи за една од најубавите и најатрактивните пејачки во Македонија, но и го крена Инстаграм на нозе.
Инаку, шармантната поп-пејачка веќе долги години е во хармоничен брак со музичарот Драган Гиновски Гино, а круна на нивната голема љубов се нивните два сина, Димитар и Кристијан.
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска