Тенисерот кој стана милијардер: Тој е татко на 35 деца и венчален кум на Лепа Брена и Боба
Цирјак во Србија е познат како венчален кум на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, а во мај 2014 година во текот на страотните поплави донираше 100.000 евра помош за загрозените.
Откако заврши Ролан Гарос на многумина неминовна тема им е заработувачката која тенисерите ја оствариле. Така Рафаел Надал од Париз си отиде во својата кралска палата во Мајорка побогат за 3.250.000 евра, Тим доби 1.180.000 евра, а Ѓоковиќ и Федерер по 590.000 евра како полуфиналисти во 2019 година.
Овие пари колку што сега заработуваат денешните тенисери, поранешните не можат ниту да сонуваат. Оние кои играле тенис во 70-тите и 80-тите години, заработувале за денешно време, симболични пари.
Еден од таквите е Романецот Џон Цирјак, кој е еден од најбогатите спортисти на сите времица, чија заработувачка се проценува на 2 милијарди долари. Тој е воедно и единствен поранешен спортист кој доспеал на листата на милијардери и со тоа е најбогатиот човек од спортот на сите времиња.
Колку за споредба, Рожер Федерер кој е втор на листата на најбогати тенисери, има заработувачка од 450 милиони долари, а богатството на Новак се проценува на 200 милиони долари, на Надал на 180 милиони. Така и кога Новак, Рожер и Рафа би се споиле заедно не би можеле да имаат ниту половина од богаството на Цирјак.
Но Цирјак парите не ги заработи само од тенисот, посебно не од турнини, кои и ги немаше освоено многу во текот на кариерата. Вo сингл го освои Минхен во 1970 година, а истата година дојде и до пехарот во двојки на Ролан Гарос.
Во двојки беше поуспешен и тука освои 22 титули, ано речиси сите пари ги направи по завршувањето на кариерата.
Цирјак беше и успешен агент на неколку познати тенисери како Борис Бекер во времето кога беше прв во светот, потоа Штефи Граф, Марат Сафин, Горан Иванишевиќ… И од тоа успешно заработување, но поголема заработка имаше во бизнисот.
Во далечната 1990 година Цирјак ја основаше првата приватна банка во Романија Банка Цирјак. После тоа следуваа низа вложувања во други дејности како осигурување, трговски ланци, авионски линии, благодарение на кои дојде на листата на Форб на најбогати личности на светот. Тој исто така е сопственик на турнирот во тенис, Мадрид Опен.
Освен деловен, Цирјак имаше и бурен приватен живот. Денеска живее во Монте Карло со трите деца кои ги доби во брак, но самиот вели дека има и 32 вонбрачни деца, а исто така се грижи за 300 напуштени деца, на кои во својот роден град Брашов, Романија им изгради вистински мала рај.