Реклама
Вирално

Тензијата меѓу Боки 13 и Вилма кулминираше: „На себе мислеше кога кажа фукара?!”

Реклама

Хирургот Тони Јосифовски, заедно со возачот на Стојан Арсовски беа денешни сведоци на Боки 13 за случајот Рекет.

 

Маркетинг

При своето сведочење Јосифовски: Едниот зафат беше за намалување на килажата, а другата беше естетска. Тој беше многу задоволен дури и предложи и други луѓе што сакаат да го стори. Боки имаше 130 килограми а сакаше да има 70.

Арсовски изјави дека Бојан во Белград вечерал со Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг и дека таа вечер сопругот на Туцаковиќ на Боки 13 му дал плико со, како што рече, прилично голема сума пари, кои пак му ги дал на возачот да ги стави во чантата.

Маркетинг

Денешното рочиште заврши со цитатот Иво Андриќ кој Боки го кажа “Доаѓаат времиња кога паметниот замолчува, будалиот прозборува, а фукарата се обогатува“ . Русковска на ова искоментира:„На себе мислеше кога кажа фукара?!”

Тензијата меѓу обвинетиот за рекетирање и перење пари Бојан Јовановски – Боки 13 и обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска со која на секое судење си дофрлуваат и навредливи зборови, кулминираше на денешното рочиште.

Поврзано

Back to top button