Тело како сирена: Кој би рекол дека родила 3 деца – македонската водителка со шлиц до колкови
Македонската водителка во заводливо издание - ваква ја немаме видено досега.
Живкица позираше во провокативен фустан кој одлично ја истакнува нејзината витка линија и ги воодушеви фановите.
Водителката Живкица Каленикова во јавноста позната како Жиле долги години е добро познати ТВ лице.
Својата кариера ја започна на Македонската телевизија, каде и го „испече“ својот занает, каде и денес работи на својата емисија „Жилет“.
Живкица е една од нашите најдобри ТВ новинари. Нејзина карактеристика е брзото зборување и течната мисла.
Приватно е посветена мајка и сопруга.
Долги години е во брак со Зоран Калеников, познат македонски бизнисмен, кој е дел од авто индустријата.
Неговата компанија, која е семеен бизнис, со години наназад е увозник на познати брендови автомобили.
Плод на нивната љубов се нивните три деца: Даријан, Марко и Ана. Зоран од првиот брак има уште 2 деца.
И покрај работните обврски и обврските околу децата, таа е и одлична домаќинка и често тоа го покажува на социјалните мрежи.
Секогаш е средена од глава до пети, вистинска дама, а овој пат ги изненади своите фанови.
Имено, таа овој пат позираше во фустан кој одлично ги истакнува нејзините облини и витка линија. Голиот струк и огромниот шлиц се првото нешто што паѓаат во очи.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова