Фитнес

Тело како песочен часовник повеќе НЕ е во мода – сега жените во Македонија сакаат да изгледаат вака и да имаат тело како овие дами

Advertisement

Време е да заборавиме на тело како на песочен часовник – во мода е нов облик на тело кој корисниците на социјалните мрежи го викаат „умник“.

Advertisement

Името го доби по несаканиот заб во вилицата кој во главно ни прави проблеми, а најчесто се вади, а дами кои сакаат да изгледаат така се Ким Кардашијан, Блејк Чајна и ѕвездите од реланите ТВ програми.

Ваквиот облик на тело е карактеристичен за оние дами што имаат голема позадина и цврсти и издолжени нозе

Advertisement

Како што вели познатиот фитнес тренер, Бен Вест, овие ѕвезди напорно вежбаат за да изгледаат така. Тој за „Fabulous Digital” изјави дека најважни вежби за вакво тело се чучњеви и исчекор, потоа вежбите во кои колковите се исфрлаат напред и се дигаат тегови со кои се обликуваат бедрата.

Покрај тоа и вежби како планк, подигање на нозете го зацврстуваат торзото и ја стеснуваат половината.

Според Бен, умникот е поекстремна верзија на тело како песочен часовник, со потесна половина и посилни колкови.

Оние жени што имаат тело како песочен часовник полесно ќе го постигнат овој облик на тело. Покрај обликот на тело, за да постигнете облик како умник важни се и вежбите, диетите, но (за жал!) и пластични операции.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button