Реклама
Холивуд

Телото на Анџелина Џоли е како сликовница – покажа гол грб на црвениот килим и ги изненади сите со тетоважите (фото)

Реклама

Познатата холивудска актерка беше во центарот на вниманието на премиерата на филмот „Dumbo”

Американската актерка Анџелина Џоли (43) со нејзините четири деца – Вивиен (10), Нокс (10), Шило (12) и Захара (14) – се појави на премиерата на филмот „Dumbo” во режија на Тим Бартон, која се одржа во театарот во „El Capitan“ во Лос Анџелес. Таа за оваа пригода беше облечена во долг крем фустан, под кој се познаваа нејзините импозантни тетоважи, пишува „Daily Mail“.

Маркетинг

Меѓу нејзините најмалку 20 тетоважа се наоѓа и цитат од американскиот драмски писател Тенеси Вилијамс, будистички молитва и географските координати од местата каде што се родени нејзините деца. Трите најголеми тетоважи на грбот актерката ги направи во 2016 година.

Маркетинг

На десното рамо има будистичка мантра, на средината -тетовиран храм, а под него се наоѓа јантра, енергетски симбол за кој се верува дека носи среќа.

Но тоа не е сé. Под нив се наоѓа бенгалскиот тигар, тетоважа која во 2004 година го прослави стекнувањето на камбоџанското државјанство.

Таа тетоважа ја направи во Бангкок, и е направена со традиционален метод, односно со една игла. Мајсторот што и ја направи тетоважата по пат и ја благослови.

Џоли на левата страна има посвета за синот Мадокс, која ја направи во 2003 година во еден хотел во Тајланд. Џоли и нејзиниот поранешен сопруг, американскиот актер Бред Пит, во 2016 година направија тетоважи кои симболично ги поврзале како сопруг и сопруга.

Имено, поранешниот тајландски монах кој ги тетовираше користеше исти мастила и на Џоли и Пит.

Џоли по нејзиниот брак со актерот Били Боби Торнтон во 2000 година тетовираше змеј со негово име на левата надлактица. Но, во 2002 година го отстрани неговото име, а подоцна и целата тетоважа. Денес, на тоа место постојат тетовирани координати на раѓањето на нејзините деца и датумот на раѓање на поранешниот сопруг Брeд Пит.

Поврзано

Back to top button