Телето Гомзи со денови мукаше и беше заробено под рушевините – добрите луѓе успеаја да го спасат
Поплавите во Словенија направија големи штети, а настрадаа и многу животни
Неодамнешните поплави во Словенија уништија бројни куќи и поплавија цели домаќинства, улици, а имаше и настрадани.
Но покрај луѓето настрадаа и бројни животни, а некои од нив добрите луѓе успеаја да ги спасат и останаа живи.
Голема среќа имаше и телето старо два месеци со име Гомзи кое, како што пишуваат словенските медиуми, сега е добро.
Фото: Фејсбук/ Пасја нота
Во близина на општината Луче едно свлечиште однело три куќи, а друго ја затрупало шталата во која биле неколку животни.
Осум крави загинале, но телето Гомзи останало живо и непрестано мукало од под рушевините за помош.
Но во тој момент спасителите не можеле да го спасат затоа што ја немале потребната механизација за да го извадат, пишува Дело.
Здружението „Пасја нота“, кое во Словенија се грижи за напуштени животни, апелираше за помош, порачувајќи дека се подготвени да платат и поголем багер за да дојдат до Гомзи.
Благодарение на ова здружение, приказната имаше среќен крај.
Од здружението беше објавено дека Гомзи е спасен и дека мора да оди на ветеринар, пишува хрватскиот „Индекс“.
Херои на месецот
Фејсбук/ ПГД Менгеш
Пожарникари спасуваат деца од поплавена градинка
Фејсбук/ ПГД Менгеш
Градинката беше поплавена до половина, а водената стихија носеше сé пред себе додека пожарникарите ги спасуваат децата.
Повеќе за ова прочитајте тука >>