Реклама
CelebrityИнтервју

Теа Трајковска: „ Сакам да спојувам навидум неспојливи работи“

Реклама

Млада, згодна, атрактвина пејачка која секогаш остава впечаток со својот стајлинг. Теа Трајковска е една од ретките млади артисти кои имаат завршено музичка академија. Минатата година го промовираше својот прв албум, а за Гламур открива дека наскоро ќе има и нов сингл кој е стилски многу поразличен од тоа што имавме можност да го слушнеме до сега од Теа.

Важиш за личнност која секогаш изгледа одлично како пред камерите така и зад нив. Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? Во што се чувствуваш најудобно?

Маркетинг

Пред се да ви се заблагодарам на убавите зборови?. Да бидам искрена веќе некое време во секојдневните изданија се облекувам така како што се чувствувам дента, така да и омиленото парче облека ми варира. Во моментов тоа би биле обувки, т.е. чизми, и можам да кажам дека се една од подобрите причини зашто сакам есен.

Кога немам настапи и снимања ми се случува да не излезам од тренерки со денови, така да дефинитивно најудобно се чувствувам во тренерки и патики, а ако може да спаѓа во одговоров – и пижами?

Маркетинг

Како ги избираш парчињата облека?

Обично тоа што ми се допаѓа на прва, секогаш е правиот избор. Не сум тешка за шопинг, не се премислувам премногу и во глава веќе имам комбинација. Сакам да спојувам навидум неспојливи работи, но не сум за слепо пратење трендови и има работи што никогаш не би ги ставила на себе и ми се big NO.

Што ново подготвува Теа?

За недела до две ќе биде промовиран мојот нов сингл на кој што работевме последниве два месеци. Видеото го снимавме во Анталија, а песната се двои и стилски и како емоција од тоа што сум го работела до сега, што воедно и ми беше целта после албумот.

Што те мотивира?

Ме мотивира нова музика. Како кога на светска сцена ќе се појави нешто што ме инспирира, така и моја нова музика со која се спознавам себе.. Се разбира и фидбекот од истата:)

Како се релаксираш после еден напорен ден полн со обврски?

Кафе со мајка ми, Нетфликс или книга и тишина:)

Имаш ли друга пасија освен музиката?

Во вечна потрага сум по нови работи што ме инспирираат и движат, ама засега не сум нашла ни приближно голема љубов

Со кој од светските ѕвезди сакаш да имаш дует? Кој е твојот идол?

Можеби Charlie Puth, затоа што го доживувам како комплетен артист со визија за својата музика,  а една од подетските желби би била соработка со Panic at the disco, затоа што ми се омилен бенд од 5то одделение до ден денес☺️

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button