Реклама
Кафе муабет

Тврдоглави сте? Еве зошто тоа може да е вашата најдобра особина

Реклама

Ако твоите пријатели и семејство често ве споменуваат поради вашата тврдоглавост, овој податок би можело да ги замолчи.

Имено, според две истражувања, едно италијанско и едно американско, откриено е дека особината како што е тврдоглавоста ја подобрува работната етика, позитивното размислување и животот воопшто.

Маркетинг

„International Psychogeriatrics“ објави студија спроведена на луѓе на возраст меѓу 90 и 101 година во Италија.
Истражувачите прво го проверуваа нивото на менталното здравје кај испитаниците, а потоа ги тестираа преку разни прашања. Покрај тоа, тие се консултирале со нивните семејства со тоа што им поставувале прашања поврзани со нивните животни навики и за карактери.

Втора студија беше спроведена на факултет во Калифорнија, каде што помладите субјекти беа подложени на тестирање, а методот на тестирање беше многу сличен со италијанскиот. Она што го заклучија и двете истражувања е дека тврдоглавите луѓе имаат многу посилно и подобро психичко здравје, пооптимистички поглед на животот и одлични работни навики.

Маркетинг

Исто така, тврдоглавите луѓе покажаа многу посилна поврзаност со семејството и пријателите отколку оние што се со попопустливи карактери.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button