“Твоето дете не е виновно за лошиот ден ниту за проблемите”- Турунџиева со емотивна порака до сите родители
Посвети моќна порака до сите родители...
Турунџиева е една од нашите најубави и најпознати водителки, но зад нејзината успешна кариера стојат години и години макотрпна работа.
Освен што е максимално посветена на кариерата, таа е грижлива мајка и баба.Сузана е особено горда на своите деца а моментално најголемо внимание посветува на внукот Јаков.
Таа сега уште еднаш јавно истакна колку за неа е важно семејството и дека улогата на мајка е најголемиот благослов.
Ако Бог те благословил да станеш родител, секогаш имај на ум дека:
– Твоето дете не е виновно за лошиот ден кој си го имал(а).
– Твоето дете не е виновно за твоите фрустрации или трауми од детство.
– Твоето дете не е виновно затоа што ти не си ги реализирал(а) соништата кои си ги сонувал(а).
– Твоето дете не е виновно за проблемите и несогласувањата со твојот партнер.
– Твоето дете не е виновно за твоите стравови, стресови и љубовни разочарувања.
– Твоето дете не е виновно затоа што дошло на овој свет по твоја одлука и избор, кој ти и само ти го имаш направено.
– Твоето дете дошло на овој свет за да те излечи и научи да сакаш на начин на кој не си ни замислил(а) дека можеш да сакаш.
– Твоето дете дошло на овој свет за да му даде смисла на твојот живот и да те научи да се носиш со сите потешкотии и да се бориш секојдневно, за да бидеш подобра, поуспешна и помудра личност од вчера.
Твоја должност и обврска е да му ја пружиш максимално твојата љубов, грижа, време и внимание, особено да ја активираш твојата ПРИСУТНОСТ, во секој ден од неговиот живот!, напиша Турунџиева на својот Фејсбук профил.