Реклама
LIFESTYLEВирално

Твитерџиите збеснаа поради натписот на облеката на овие деца – дали се согласувате со нив?

Реклама

Фотографијата на која дечиња се држат за рацете и се  шетаат облечени во маици со натпис Доктор  и медицинска сестра ги разбесни твитерџиите.

Имено, девојчето носи розева кошула со натпис  „медицинска сестра на пракса” додека момчето носи зелена кошула на која пишува „лекар на пракса”.

Маркетинг

Фотографијата беше објавена на Твитер на 10 март на профилот на Medical Shots кои го следат 216.000 луѓе. Досега, постот има преку 3100 коментари, од кои повеќето беа напишани од  оние на кои не им се допаѓа фотографијата.

https://twitter.com/TheMedicalShots/status/1104773036643835905

Маркетинг

 

Мажите кои работат како медицински сестри и бројни лекари се побунија, посочувајќи дека овие занимања не се родово специфични. Едно лице објави нова фотографија на која и двајцата се нарекуваат „здравствени работници”.

 

„Ова е сексистички, од самата слика веќе на девојчињата им се укажува дека треба да бидат сестри, додека момчињата доктори”. „Се надевам дека не носи розева само затоа што е жена”, „Оваа слика е сексистичка”, се само дел од коментарите што можат да се прочитаат под постот на Твитер.

 

Другата група пак, тврди дека не треба да се прави од мува слон. „Само затоа што мажите можат да работат како медицински сестри, а жените како лекари не значи дека мораме да коментираме на секоја слика. Можеби таа сонува да биде медицинска сестра, а тој лекар”, пишуваат твитерџиите кои не гледаат ништо проблематично во сликата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button