Фотографијата на која дечиња се држат за рацете и се шетаат облечени во маици со натпис Доктор и медицинска сестра ги разбесни твитерџиите.
Имено, девојчето носи розева кошула со натпис „медицинска сестра на пракса” додека момчето носи зелена кошула на која пишува „лекар на пракса”.
Фотографијата беше објавена на Твитер на 10 март на профилот на Medical Shots кои го следат 216.000 луѓе. Досега, постот има преку 3100 коментари, од кои повеќето беа напишани од оние на кои не им се допаѓа фотографијата.
https://twitter.com/TheMedicalShots/status/1104773036643835905
Мажите кои работат како медицински сестри и бројни лекари се побунија, посочувајќи дека овие занимања не се родово специфични. Едно лице објави нова фотографија на која и двајцата се нарекуваат „здравствени работници”.
— aa (he/they) (@abolitionandy) March 10, 2019
„Ова е сексистички, од самата слика веќе на девојчињата им се укажува дека треба да бидат сестри, додека момчињата доктори”. „Се надевам дека не носи розева само затоа што е жена”, „Оваа слика е сексистичка”, се само дел од коментарите што можат да се прочитаат под постот на Твитер.
The picture is sexist. Period.
— Twenty-One 💋 (@21_03_90) March 10, 2019
Другата група пак, тврди дека не треба да се прави од мува слон. „Само затоа што мажите можат да работат како медицински сестри, а жените како лекари не значи дека мораме да коментираме на секоја слика. Можеби таа сонува да биде медицинска сестра, а тој лекар”, пишуваат твитерџиите кои не гледаат ништо проблематично во сликата.