Тања Џамбазова со ЕМОТИВНА ПОРАКА за Игор откри за што највеќе жали: Чувствувам бесконечна тага
Сестрата на популарниит македонски шоумен му напиша емотивна порака на Инстаграм и откри за што највеќе жали.
Тања Џамбазова сподели фотографија направена за време на онлајн разговорот со нејзиниот брат, а со пораката која ја напиша ги трогна сите.
Сестрата на шоуменот Игор Џамбазов долги години не живее во Македонија и е далеку од своето семејство и овдешните пријатели.
Тања и Игор потекнуваат од уметничко семејство и некако логично е и тие да чекорат по тој пат.
Дедо им е познaтиот актер, покојниот Петре Прличко, а родителитд Анче и Александар Џамбазови.
Игор многупати во своите интервјуа има истакнато дека е многу близок со својата сестра, која веќе 20 години живее и работи во Америка.
Во 2016 година Тања сними три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, жената на познатиот драмски писател Бертолд Брехт.
Денес таа работи како архитект во кимпанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.
Ретко доаѓа во Македонија, а и овде највеќе ја врзува само нејзиниот брат.
Далечината е она што највеќе ја растажува, а контакт со Игор одржуваaт благодарение на интернетот и социјалните мрежи.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија направена за време на нивниот разговор, а во опис напиша:
„laughter and sorrow. така ни било пишано, да се гледаме на екран наместо дома. секогаш откога зборуваме братски, во исто време чувствувам и елан и бесконечна тага што ни пројде животот заедно, ама посебно. ех! те гушкам и продолжи со твоите неисцрпни креации, тие ме држат насмеана! “
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова