Реклама
Наши ѕвезди

Тања Савиќ ќе оди во затвор: Пејачката 12 години го крши законот, но сега му дојде крај на тоа

Реклама

Тања Савиќ веќе со месеци сама, без децата живее во Србија и често вози на релација Белград – Радинци, каде што е куќата на нејзините родители или пак од селото вози до Смедерово во набавки. Но пејачката не ги почитува сите прописи, а кога ќе биде казнета поради недоличното однесување и кршење на законите, прашање е на време само.

Имено, Тања се запишала во авто-школа на свои 23 години, но никогаш не завршила, односно не ги положила испитите и не добила возачка дозвола. Бидејќи таа секако е активен учесник во сообраќајот, Савиќ би можела поради овој прекршок да добие дебела казна. Соседите од Радинци, каде што е родена, велат дека не им е јасно како полицијата никогаш не ја санкционираше пејачката која упорно вози без дозвола.

Маркетинг

– Тања во една прилика се запиша во авто-школа, но никогаш не ја заврши. Ја гледам како се вози лево десно. Седнува сама или со сестра и Биља и оди негде. Верувам дека полицијата овде не би ја запреле зошто ја знаат, а веројатно ниту на крај памет не им паѓа дека нема дозвола. Сепак, не знам како се извлекува во Белград во најмала рака без да плати некоја казна. Можеби е примерен возачк – раскажува една нејзина сосека и додава дека најголем проблем е што пејачката ги вози и децата, но и членовите на семејствот, па смета дека со тоа ја загрозува како својата така и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Маркетинг

– Колку што успеав да видам, вешта е во возењето, тоа не е спорно. Ги почитува прописите и тоа е супер, но постои закон. Не смее и сама да вози, ниту па децата. Знаете како велат, секогаш страдаш поради невниманието на некоја будала, а не поради свое незнаење. Мене сите овде во местото ми река дека таа нема дозвола, вели згрижената сосетка.

Во овој случај, бидејќи Тања нема положен возачки испит, не можат да и бидат изречене казнени поени. Исто така, судот не може да и изрече заштитна мерка за управување со моторно возило зошто дозвола во овој случај не постои. Она за што пејачката може да се товари, според српските закони, е парична казна до 120.000 динари од прекршочен суд или најстрогата предвидена казна за овој прекршок од максимално 60 дена затвор.

Тања не одговараше на телефонските повици од новинарите за да потврди или демантира дали е точно она што се зборува за неа.

Поврзано

Back to top button