Тања Савиќ се огласи по веста дека нејзиниот поранешен ќе се жени: Пејачката повеќе не молчи- откри се што јавноста не знаеше!
Тања Савиќ нема контакт со поранешниот...
Неодамна во српските медиуми се појави вест дека Душан Јованчевиќ, сопругот на Тања Савиќ, решил повторно да се ожени, а фолкерката не го криеше разочарувањето.
– Жал ми е за таа жена – накратко започна Тања за „Премиер викенд специјал“, потоа прозборе за врската со поранешниот сопруг Душан.
– Моите синови немаат контакт со својот татко како што треба. Дури и кога ќе воспостават контакт, тоа е малку стегнато. Што се однесува до мене, би сакала да имам подобра врска само за доброто на децата, но не добивам одговор… ретко кога. Можеби е подобро така, се би тргнало во друг правец и би ми било многу тешко сето тоа повторно да го избалансирам. Децата веќе не ме прашуваат за него… единствено што можам да кажам е дека ми е многу тешко, но морам да се борам.
-Додека бевме разделени, им беше забрането да се слушнат со мене. Нивниот одбранбен механизам беше дека, знаејќи што се случува, решија да не разговараат со мене. Тоа ми го потврдија кога се беше готово, ми рекоа: „Мамо многу ни недостигаш, толку многу плачевме…извини“. Постариот син, кој го разбрал сето тоа, бил многу повреден. Но, успеавме – заклучи Савиќ.