Реклама
Наши ѕвезди

Тања Савиќ пред развод, остана без децата: Не сум среќна, Душан нека одлучи како ќе продолжиме натаму

Реклама

Откако нејзиниот сопруг Душан замина во Австралија со нивните деца Максим и Ѓорѓи, пејачката е тажна. Поради коронавирусот, таа не може да патува па со синовите разговара секој ден преку видео линк, но сепак, открива за српските медиуми дека тоа не  може да ја надомести нејзината голема желба да ги прегрне своите наследници.

Популарната турбо фолк пејачка Тања Савиќ деновите ги поминува  во родното село Радинац кај Смедерево, чекајќи го моментот кога ќе ги погледне на камера своите синови Максим и Ѓорѓи, фантазирајќи за моментот кога таа повторно ќе ги гушне.

Маркетинг

– Веќе два месеци сум разделена од децата и се што ми е важно, е да ги гушнам, едвај го чекам тој момент. Секој ден разговарам со моите синови преку видео повик, им раскажувам сè што се случува овде, и тие ми кажуваат што се случува таму, како го поминуваат своето време и што прават. Ми недостасуваат многу, ме прават да се смеам по телефон, но не е како кога сум со нив. Авионите сега не летаат, затоа ми беше одземено правото да си ги гушнам децата. Но ќе бидам трпелива, се надевам дека некако ќе отидам до Австралија и дека тоа со коронавирусот конечно ќе се реши наскоро – раскажува Тања и открива дека и покрај целата тага што ја чувствува, таа не  си дозволува да плаче пред децата.

Маркетинг

– Често плачам кога сум сама, но никогаш пред нив, но тие иако не го гледаат тоа, го  чувствуваат. Навистина ми недостасуваат. Тешко е и за нив, но тие се момчиња, затоа го кријат своето незадоволство и недостатокот на нивната мајка. Тие веќе знаат дека се слушаме секој ден, секогаш во одредено време, заради временската зона. Јас се обидувам да го надоместам што не сум покрај нив, па постојано им велат: „Дојдете, мама ве чека, мама ја чисти куќата“. Се обидувам да останам силна – пејачката вели во сето тоа најважно сега за неа е тоа што нејзините синови се здрави и не страдаат додека се во Австралија:

– Искрено, не ми е гајле што е напишано и што излегува за мене. Она на што мислам  цело време се моите деца. За мене е важно тие да се добри, да имаат сè што им треба, а колку што можам да насетам од нивните гласови тие не страдаат за ништо. Сè друго ќе буде и ќе помине, само нив сакам да ги видам.

Она што овие денови ги враќа насмевките на лицето на пејачката е мало милениче кое едвај чека да го однесе кај Ѓорѓи и Максим.

– Имаме и нов член во нашето семејство кој едвај чекам да го видат, малечко кученце, мал малтезер кој е кај мене. Им го покажувам на камера и ним многу им се допаѓа, го сакаа да го имаат за милениче – заклучи Тања, која поради вонредната состојба не можеше да отпатува во Австралија, зошто нема државјанство на таа земја.

Го сакам Душан, но не сум среќна во Австралија

Тања открива и дека не е исполнета во далечна земја и дека би сакала да остане во Србија, но дека сепак има емоции кон нејзиниот сопруг:

– Не ми се допаѓа животот во Австралија, ја претпочитам Србија, тоа е мојата татковина, моето семејство и пријателите се тука, тука изградив кариера што сè уште не сакам да се откажам. Што се однесува до мојот брак и Душан, тој треба да одлучи за некои работи. Ние сè уште се сакаме, тешко е да се разделиме, но не сум среќна во Австралија.

Поврзано

Back to top button