Тања Кочовска покажа кој е нејзиниот ЈУНАК: Жените ќе и позавидат – ги остави сите со подзинати усти
Македонската актерка покажа кој е нејзиниот јунак целиот живот.
Тања Кочовска сподели досега невидена фотографија од нејзиниот сопруг.
Актерката Тања Кочовска долги години е во брак со нејзиниот колега Предраг Павловски и важат за еден од најскладните бракови на нашата сцена.
Тие се еден од ретките парови на естрадата кои знаат и умеат да ја негуваат љубовта, на која многумина може само да им позавидат.
Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има 31-годишниот син Александар, а од бракот со Предраг 25-годишната Нела.
„Една вечер останав во кафеана со Предраг до 5 сабајле. И тогаш ме побара за жена.
Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш.
Ама ете се зедовме“, раскажа во едно интервју Тања.
Иако сѐ започнало на шега, еве и ден денес парот живее сложно и ја одржува својата љубов.
И двајцата работат иста професија, во ист театар и поголем дел од времето се заедно. Тоа умее да биде напорно и да ги презаситува партнерите еден од друг, но Тања откри како тие се снаоѓаат.
„Ужас е да се биде во брак со колега. 24 часа со маж или со жена се седи ли?“, запраша актерката, но сепак се надоврза:
„Ние сме си пар којшто си се сака, којшто живее многу убаво. Не дека нема лоши моменти. Меѓутоа сме среќен, задоволен пар, се уште сме здрави и живи, си работиме разговараме за сѐ. Во суштина можат само да ни позавидат“, кажа актерката.
Синот на Тања се ожени и стана татко, па Тања и Прераг сега уживаат и во улога на баба и дедо.
Деновиве во нивниот дом имаа убава причина за славење.
Предраг славеше роденден, па Тања одлучи јавно да му честита.
Тања Кочовска сподели досега невидена фотографија од нејзиниот сопруг.
„Среќен јунаку мој“, напиша таа во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска