Реклама
Интервју

Тајните за нега и убавина на пејачката и мејкап артистка Зои Блаж

Реклама

Голем дел од јавноста ја запозна како пејачка која се претстави на неколку фестивали. За подоцна микрофонот да го замени со уметничката четка, односно таа почна да работи како мејкап артистка. Љубовта со словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ никогаш не ја криеше. Сигурно веќе знаете за кого станува збор. Зорица Блажева или повеќе позната во јавноста по нејзиното уметничко име Зои Блаж ги открива нејзините тајни за нега и убавина на лице, но ни откри и кога се планира словенечко- македонската свадба….

Маркетинг

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Јас имав страшни проблеми со хормоните и лицето наеднаш почна да ми се исфрла. Поточно имав премногу акни кои болеа на допир и не изгледаше воопшто убаво …. Посетив еден доктор и проблемот ми го реши. Од тогаш користам препарати што тој ми ги дава, сега кога бев во Германија лицето ми се нафрли повторно но не како претходно.

Наутро користам Акнефуг и клиндамицин  кој што помага за да се намалат, исушат и да не се повторат акните …

Маркетинг

Со какви препарати го негувате лицето?

Користам Акнефуг, клиндамицин, сона и навечер крема која ја прави докторот …

Кои се вашите омилени козметички производи?

Сега кога бев во Германија пробав TheOrdinary и CeraVe и одвај чекам да го решам проблемот и да почнам да ги користам бидејки имаат предобар состав така да би ги издвоила нив.

Што има секогаш во вашиот несесер?

Дефинитивно шминки ?  ретко се шминкам поради лицето но секогаш имам со мене без нив не излегувам од дома.

Омилен парфем

Ух, имам многу ама ајде нека биде најомилен Chanel – coco chanel mademoiselle

Која е тајната на одличната физичка линија?

Е сега сум малце повеќе здебелена ? Но се опуштив во Германија и затоа од утре стартувам на стара здрава исхрана и вежбање да се вратам во форма :) Така да на прво место ми е здрава исхрана :)

Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? Во што се чувствуваш најудобно?

Е овде ме погодивте тоа ми е слабост шопинг, најмногу сакам да носам тренерки и тоа имам највеќе во плакар од како сум со Тадеј, така да ТРЕНЕРКИ.

Верувате ли во судбинска предодреденост или само во склоп на околности?

Верувам во судбина искрено и сметам дека повеќето работи сами си ги правиме а потоа излегува како судбина.

Пред само неколку денови вашиот дечко ве побара за жена, какви се идните планови, планирате ли свадба, каде ќе продолжите да живеете бидејќи тој е од Словенија?

Најпрво да сме живи и здрави и да заврши вирусов, планираме ако е се како што треба летото 2021 да направиме во Словенија свадба, а 2022/2023 во Македонија. Ќе живееме каде Тадеј ќе игра, моментално во Германија а за понатаму здравје не сме збореле. Јас ја обожавам Словенија тој живее на море и тоа нема да ми смета.

Во што никогаш не отстапувате?

Во моите фантазии, стално знаеме да се поткачиме и со моите и со Тадеј дека нешто не било возможно и да не фантазирам, но јас ако наумам се е возможно и се се случува онака како што сум си посакала затоа не се откажувајте од вашите фантазии и соништа само борете се и сакајте ги искрен , ќе се остварат еден ден.

Што ве прави среќна и исполнета?

Дефинитивно Тадеј и моите најблиски но, во денешно време е реткост да видите среќни луѓе позитивни така да би го издвоила и тоа кога ќе видам позитивни луѓе околу мене без да се жалат на ништо.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button